Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода двајца криумчари од Албанија, пронајдени пет мигранти, поднесена кривична пријава

Лишени од слобода двајца криумчари од Албанија, пронајдени пет мигранти, поднесена кривична пријава

 

На 17.11.2025 околу 03:30 часот на излез од Гевгелија кон автопатот Гевгелија - Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишија од слобода М.Е.(27) и 22-годишната В.Е., двајцата од Република Албанија. Имено, во наведеното време, полициските службеници забележале патничко возило „фолксваген туран“ со албански национални ознаки кое се движело со голема брзина, а кое го управувал М.Е., а сопатничка била В.Е.. Возилото било запрено, а во негова близина биле пронајдени пет лица мигранти, од кои еден од Сирија и четири од Египет.  

Возилото и мигрантите се сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а лицата се задржани во полициска станица. Во консултација со јавен обвинител против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка.

Мени за пристапност