Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода возачи во Делчево, Чашка, Кавадарци, Тетово и Македонска Каменица, управувале возила под дејство на алкохол, возачите во Македонска Каменица и Тетово предизвикале и сообраќајни несреќи

Лишени од слобода возачи во Делчево, Чашка, Кавадарци, Тетово и Македонска Каменица, управувале возила под дејство на алкохол, возачите во Македонска Каменица и Тетово предизвикале и сообраќајни несреќи
На 26.11.2025 во 20:50 часот на бул. „Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Г.С.(56) од Делчево.  При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал Г.С. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,60 промили алкохол во крвта.
 
На 26.11.2025 околу 23:30 часот на магистралниот пат А3, на излез од Македонска Каменица, полициски службеници од ПО за БПС Делчево го лишија од слобода М.П.(58) од с.Дулица, Македонска Каменица. При преземање на мерки по претходно случена сообраќајна несреќа, во која учествувал М.П. со патничко возило „опел“ со регистарски ознаки од  Македонска Каменица, било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно дека во крвта има 2,51 промили алкохол. 
 
На 27.11.2025 во 00:05 часот на патот Македонска Каменица-с.Саса полициски службеници од Македонска Каменица го лишија од слобода З.Г.(38) од с.Саса, Македонска Каменица.  При преземање на мерки по претходно случена сообраќајна несреќа, во која учествувал З.Г. со патничко возило „даеву“ со делчевски регистарски ознаки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека во крвта има 2,44 промили алкохол. 
 
 
На 26.11.2025 во 23:30 часот на улица „Илинденска“ во населба Чашка, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишија од слобода Н.П.(38) од Градско. При контрола  на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со велешки  регистарски ознаки, кое го управувал Н.П. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,52 промили алкохол во крвта. 
 
На 26.11.2025 во 23:50 часот, на улица „Западен Булевар“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Л.П.(55) од Кавадарци, затоа што при контрола  на патниот сообраќај констатирале дека управувал патничко возило „ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62  промили алкохол во крвта. 
 
На 26.11.2025 во 17:30 часот на ул.„В.С.Бато“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Г.Б.(61) од с.Брвеница, тетовско. При преземање на мерки по претходно случена сообраќајна несреќа, во која учествувал Г.Б. со патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, било утврдено дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,71 промили алкохол во крвта. 
 
По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност