Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода возачи во Битола, Прилеп, Скопје и Неготино, затоа што управувале возила под дејство на алкохол, возачот во Неготино предизвикал и сообраќајна несреќа

Лишени од слобода возачи во Битола, Прилеп, Скопје и Неготино, затоа што управувале возила под дејство на алкохол, возачот во Неготино предизвикал и сообраќајна несреќа
На 27.11.2025 во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Битола  на ул. „8 Септември“ во Битола го лишија од слобода Б.Т.(50) од Битола. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „голф” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Т., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,86 промили алкохол во крвта. 
 
На 27.11.2025 во 19:55 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп на ул.„Тризла“ во Прилеп го лишија од слобода В.Б.(36) од с.Секирци, општина Долнени,. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „голф” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал В.Б., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,06 промили алкохол во крвта.
 
На 27.11.2025 во 15:20 часот, на улица „Даме Груев“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода З.П. (60) од село Тимјаник, неготинско.  При преземање мерки по претходно случена сообраќајна несреќа, во која учествувал З.П. со патничко возило „застава југо“ со неготински регистарски ознаки, било констатирано дека З.П. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,59 промили алкохол во крвта. 
 
На 28.11.2025 во 02:15 часот на ул.„Радишанска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.М.(28) од Скопје.  При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.М. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,06 промили алкохол во крвта.
 
По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

 

Мени за пристапност