На 20.11.2025 во 00:05 часот на ул.„Страшо Пинџур“ во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода З.Ц.(29) од Берово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со беровски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,94 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
На 19.11.2025 во 18:02 часот кај с.Град, делчевско, полициски службеници го лишија од слобода Љ.Џ.(47) од с.Разловци, делчевско. Претходно, тој со возило „ауди“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од патот, а по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека во крвта има 1,77 промили алкохол.
По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.