Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода возачи од велешко и тетовско затоа што управувале возила со брзина многу поголема од дозволената

Лишени од слобода возачи од велешко и тетовско затоа што управувале возила со брзина многу поголема од дозволената

 

На 17.08.2025 во 15:15 и во 15:45 часот, на автопатот Скопје-Тетово, на наплатна станица кај с.Желино, тетовско, и на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ги лишиле од слобода Б.А.(28) од с.Горно Оризари, велешко и Б.М.(20) од с.Камењане, тетовско.

При сообраќајната контрола и преземени мерки, полициските службеници констатирале дека Б.А. управувал патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 178 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 100 километри на час, а Б.М. управувал патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 102 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час.

 Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Крвичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност