Денеска, полицискиот хеликоптер на Министерството за внатрешни работи активно учествуваше во гасење на неколку пожари на тешко достапни терени во северниот дел на државата – кај селата Лојане, Табановце и Јажинце–Орашје.
Во текот на денот, со прецизни налети беа исфрлени над 45 тони вода, со што е спречено проширување на пожарот и негово навлегување во населените места. Благодарение на навремената интервенција, избегната е поголема материјална штета и потенцијална опасност по животите на граѓаните.