Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода возачи од Тетово и Злетово, управувале возила под дејство на алкохол

Лишени од слобода возачи од Тетово и Злетово, управувале возила под дејство на алкохол

На 07.09.2025 во 00:50 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на регионалниот пат Тетово- с.Брвеница, во близина на Брвенички натпатник, го лишиле од слобода Ж.М.(62) од Тетово, затоа што под дејство на алкохол управувал патничко возило „фиат пунто" со тетовски регистерски ознаки, односно кај него биле констатирани 1,53 промили алкохол во крвта. 


На 06.09.2025 во 23:30 часот во с.Злетово, пробиштипско, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода Т.П.(52) од с.Злетово, пробиштипско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,59 промили алкохол во крвта.


Лицата се исклучени од сообраќај и по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност