Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода возачи од Штип и Кавадарци затоа што управувале возила под дејство на алкохол, следуваат соодветни пријави

Лишени од слобода возачи од Штип и Кавадарци затоа што управувале возила под дејство на алкохол, следуваат соодветни пријави

На 26.09.2025 во 01:10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.С.(34) од Штип. На автопатот А1 во правец Градско-Велес, со патничкото возило „фолксваген“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, не застанал на знак за запирање, но по преземени мерки мерки на место викано „Штипска клучка“ бил пресретнат и го запрел возилото. Од извршените проверки е констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,81 промили алкохол во крвта, по што е задржан во полициска станица. 


На 26.09.2025 во 01:05 часот на улица „Илинденска“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода А.А.(42) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „шкода“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,95  промили алкохол во крвта, по што е задржан во полициска станица. Известен е јавен обвинител и по документирање на настаните против нив ќе бидaт поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик -  „безобѕирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност