Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода возач во Прилеп, управувал возило под дејство на алкохол

Лишен од слобода возач во Прилеп, управувал возило под дејство на алкохол

На 27.09.2025 во 03:45 часот на ул.„Борка Талески“ во Прилеп, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Прилеп го лишија од слобода М.Џ.Х.(50) од Англија, со привремен престој во Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници  запреле патничко возило „сеат“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал и по извршена контрола констатирано е дека го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,60 промили алкохол во крвта.

Лицето е задржано во полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност