Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода скопјанец, управувал возило со 3,06 промили алкохол во крвта

Лишен од слобода скопјанец, управувал возило со 3,06 промили алкохол во крвта

 

На 27.09.2025 во 19:00 часот на ул.„Козле“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.П.(40) од Скопје.

При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „алфа“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,06 промили алкохол во крвта. 


Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност