На 07.09.2025 во 08:30 часот на автопатот Скопје-Тетово, кај клучка Групчин, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.И.(28) од Скопје, кој управувал патничко возило „голф" со косовски регистерски ознаки, со брзина од 191 километри на час, на место каде брзината на движење со сообраќаен знак е ограничена на 100 километри на час.
Исто така, на 07.09.2025 во 06:20 часот на регионалниот пат кај с.Пишица-Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода Е.С.(30) од Штип. При радарска контрола, било констатирано дека Е.С. управувал патничко возило „венто“ со штипски регистарски ознаки, со брзина од 96 километри на час во населено место, каде дозволената максимална брзина на движење е ограничена на 40 километри на час.
На 06.09.2025 во 19:00 часот, на ул. „Новачки пат" во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.Џ.(34) од Битола. При радарска контрола, било констатирано дека А.Џ. управувал патничко возило „алфа" со битолски регистарски ознаки, со брзина од 104 километри на час во населено место, каде максимално дозволена брзина е 50 километри на час.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.