На 13.10.2025 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Ф. (19) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело по член 300 од КЗ „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Во 20:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Босна и Херцеговина“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ф. и мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ш.Т.(19) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а А.Ф. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 13.10.2025 полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода М.М. (34) од с. Претор, ресенско, поради основи на сомнение за сторено кривично дело по член 300 од КЗ „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Во 10:45 часот во Полициската станица Ресен е пријавено дека на ул.„Јосиф Јосифовски“ во Ресен, патничко возило „сеат“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од М.М. удрило во пешаците - 66-годишната Е.Л. и 74-годишниот К.Т., двајцата од с.Јанковец, ресенско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата пешаци, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Ресен, а по наредба на јавен обвинител возачот М.М. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.