На 05.09.2025 во 15:10 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце , поточно во с.Теарце, го лишиле од слобода Ј.Р.(32) од с.Доброште, тетовско, кој управувал патничко моторно возило „рено меган" со тетовски регистерски таблици, затоа што при радарска контрола било утврдено дека во населено место, каде брзината е ограничена на 50 километри на час, возел со брзина од 107 километри на час.
На 05.09.2025 во 16:05 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на автопатот Скопје-Тетово го лишиле од слобода А.М.(43) од с.Лисец, тетовско, кој управувал патничко моторно возило „бмв" со германски регистерски таблици, затоа што при радарска контрола било утврдено дека на место каде што максимално дозволена брзина е 100 километри на час, возел со брзина од 176 километри на час.
На 05.09.2025 во 19:40 часот на ул. „Железничка“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Д.Ц.(48) од Скопје. При радарска контрола било констатирано дека Д.Ц. управувал патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 107 километри на час на место каде што со сообраќаен знак брзината е ограничена на 50 километри на час.
На 05.09.2025 во 19:35 часот на бул. „Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода Н.Т.(19) од Делчево. При радарска контрола било констатирано дека управувал патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 128 километри на час на место каде што со сообраќаен знак брзината е ограничена на 60 километри на час.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.