Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода три лица за предизвикување пожар на депонија во Охрид, следува пријава

Лишени од слобода три лица за предизвикување пожар на депонија во Охрид, следува пријава

На 17.09.2026 во 19.30 часот на депонијата кај Буково, полициски службеници од СВР Охрид од слобода ги лишија Ф.А.(27) од Кавадарци, Е.И.(31) од Штип и Е.Н.(38) од Струга, постапувајќи по претходна пријава дека на депонијата запалиле поголема количина кабли.

Во близина на депонијата, полициските службеници забележале и товарно моторно возило „ивеко“ со струшки регистарски ознаки натоварено со кабли и друг материјал. По целосно документирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 288 од Кривичниот законик - „предизвикување општа опасност“.

Мени за пристапност