Денеска (17.09.2026) во Гостивар, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги, Отсек за потрага по цел, во содејство со полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар, го лишиле од слобода Е.А. (42) од Гостивар, кој бил во бегство од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“.
Е.А. бил осуден на казна затвор во траење од 12 години и осум месеци за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ согласно член 215 и „кражба“ согласно член 236 од Кривичниот законик.
По лишувањето од слобода, лицето е предадено во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ за издржување на изречената казна затвор.