На 03.01.2026 во 23:53 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.П.(37) од Куманово. При сообраќајна контрола на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово е сопрено патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,63 промили алкохол во крвта.
На 04.01.2026 во 01:06 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.М.(39) од с.Орашац, кумановско. При сообраќајна контрола на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово е сопрено патничко возило „бмв“, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,29 промили алкохол во крвта.
На 04.01.2026 во 01:44 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода В.И.(41) од с.Градец, кривопаланечко. При сообраќајна контрола на ул.„Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово е сопрено патничко возило „опел“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,66 промили алкохол во крвта.
На 04.01.2026 во 01:25 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода К.Г.(21) од Кочани. При сообраќајна контрола на ул.„Скопска“ во Кочани е сопрено патничко возило „цитроен“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,53 промили алкохол во крвта.
На 04.01.2026 во 00:55 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Т.Т.(37) од Демир Хисар. При сообраќајна контрола на ул.„Никола Тесла“ во Битола е сопрено патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,52 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.