Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода кавадарчанец и кичевец затоа што управувале возила под дејство на алкохол

Лишени од слобода кавадарчанец и кичевец затоа што управувале возила под дејство на алкохол


На 07.09.2025 во 03:44 часот на булевар „Октомвриска револуција" во Куманово од страна на полициски службеници од СВР Куманово од слобода е лишен Б.М. (25) од Кавадарци, за кој при извршени проверки е утврдено дека под дејство на алкохол управувал патничко моторно возило „пасат", односно му биле констатирани 1,65 промили алкохол во крвта.  


На 08.09.2025 во 00:47 часот полициски службеници од ОВР Кичево од слобода го лишија Д.К.(42) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, извршена на улицата „Борис Кидрич“ во Кичево, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки што Д.К. го управувал и било констатирано дека има 1,95 промили алкохол во крвта. 


По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност