Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода двајца дрвокрадци во прилепско и крушевско, пронајдени се и одземени нежигосани дрва

Лишени од слобода двајца дрвокрадци во прилепско и крушевско, пронајдени се и одземени нежигосани дрва

На 29.10.2026 во 14:30 часот во с.Житоше, општина Долнени, полициски службеници од Полициско одделение Ропотово го лишија од слобода В.С.(57) од с.Житоше затоа што на место викано ,,Надводеница“ во с.Житоше бил затекнат со приколка натоварена со нежигосани огревни дрва.

На 29.10.2026 во 16:20 часот во с.Белушино, крушевско, полициски службеници од Полициско одделение Ропотово го лишија од слобода С.Б.(69) од с.Белушино затоа што при преглед на трактор со крушевски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени и одземени нежигосани дрва и моторна пила. По документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Мени за пристапност