Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода двајца дрвокрадци во липковско, пронајдено огревно дрво без документација, следува пријава

Лишени од слобода двајца дрвокрадци во липковско, пронајдено огревно дрво без документација, следува пријава

На 03.06.2026 во 17:30 часот во с.Руница, општина Липково, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ ги лишија од слобода Ф.Ќ.(46) од с.Лопате, кумановско и Р.А.(51) од с.Слупчане, липковско. При преземање службени мерки и вршење патролна дејност, полициски службеници сопреле и извршиле контрола во товарно возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ќ.(46) и во товарно возило „фиат дукато“ без регистарски ознаки, управувано од Р.А.(51).

Притоа, било констатирано дека возилата се натоварени со нежигосани огревни дрва без документација. Дрвната маса е предадена на Отсекот за криминалистичка полиција – Одделение за економски криминал при СВР Куманово и по целосно документирање на случајот против Ф.Ќ. и Р.А. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Мени за пристапност