Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода девет лица, затоа што кај нив при преглед е пронајдена дрога

Лишени од слобода девет лица, затоа што кај нив при преглед е пронајдена дрога

На 19.09.2026 во Скопје, на различни локации,  полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.Д. (33) и 15-годишник, двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.  

На 20.09.2026 во 02:50 часот, на улицата „Доне Божинов“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ф.А. (24) од Куманово, кај кого при преглед била пронајдена марихуана. 

На 19.09.2026 во 20:00 часот на ул. „102“ во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода Р.М. (39) од Тетово, затоа што при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Потоа, во 21:15 часот, во врска со истиот случај, од слобода е лишен и Љ.М. (36) од Тетово. 

На 20.09.2026 во 02:40 часот во с. Врапчиште, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода А.С. (19), Х.А. (33) и А.Џ. (21), сите од с. Врапчиште, поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од КЗ. При преглед кај А.С. била пронајдена и одземена кеса со зелена растителна материја. 

На 19.09.2026 во 08:10 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.В.(47) од Скопје, кај кого при извршен преглед била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. 

На 19.09.2026 во 16:45 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Идризово е пријавено дека околу 10:00  часот кај осуденикот Ф.М.(45) од Кичево, откако се вратил во установата од викенд отсуство, била пронајдена и одземена марихуана. 

По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Мени за пристапност