На 29/30.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.Г.(29) и В.Б.(30), двајцата од Скопје, 16-годишник од скопско и С.А.(25) од Турција, со престој во Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја, марихуана и нож.
На 29.06.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека при претрес на осуденикот М.А.(53) од Скопје, кој се вратил од викенд отсуство, кај него биле пронајдени бела прашкаста материја и таблети.
На 29.06.2026 во 10:00 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Р.Ф.(26) од Германија. При гранична контрола и извршен преглед во патничко возило со германски национални ознаки, со кое допатувал, во неговиот личен багаж била пронајдена и одземена марихуана.
На 29.06.2026 во 16:00 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода С.М.(44) и К.Ч.(44), двајцата од Кавадарци. Полициските службеници запреле патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.М., а сопатник бил К.Ч. и при преглед кај С.М. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. На 30.06.2026 во 01:30 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино лишиле од слобода 17-годишиник од Неготино затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.
На 29.06.2026 во 20:30 часот на крстосницата од ул.„Борис Кидрич“ и ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.Ш.(23) од с.Лешок, тетовско. При преглед на неговото патничко возило, на задното седиште биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, бејзбол палка и метален боксирач. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.