Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода шест возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници, а еден возел со активна забрана

Лишени од слобода шест возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници, а еден возел со активна забрана

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода шест возачи за безобѕирно управување возило. Пет  управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца се малолетници, а еден возел со активна забрана за управување на патничко возило. По едно лице во Скопје (малолетник), Гостивар (малолетник), Куманово, Кавадарци и  Прилеп возеле без возачка дозвола. Додека, едно лице на Граничен премин Деве Баир управувал патничко возило со активна забрана. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. 


Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Мени за пристапност