Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода четири лица од Скопје, фатени веднаш откако одзеле бронзена биста од гробиштата Бутел, следува пријава

Лишени од слобода четири лица од Скопје, фатени веднаш откако одзеле бронзена биста од гробиштата Бутел, следува пријава

На 17.09.2025 во 18:30 часот во Градски гробишта Бутел, полициски службеници од СВР Скопје - Полициската станица Чаир поради сомнение за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик  ги лишија од слобода О.Ш.(49), М.Ш.(22), Љ.Ф.А.(26) и З.Р.(26), сите од Скопје. 

Во возилото „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Р., а останатите се сопатници е пронајдена и одземена бронзена биста со две човечки тела во седечка положба, од кој едниот е во поголема, а другиот помала форма, која непосредно пред тоа ја одзеле од гробиштата. Од З.Р. е одземено и возилото, а сопстеничката извршила препознавање на бистата. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност