Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода 14 возачи и со еден е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без положен возачки испит

Лишени од слобода 14 возачи и со еден е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 13 возачи и со еден извршија службен разговор поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. 


Од нив, 10 управувале возило без положен возачки испит и тоа: И.М.(25) од Скопје,  17-годишен малолетник од с.Студеничани, скопско, Ј.Б.(28) од населба Драчево, скопско, З.Н.(50) од с.Уларци, општина Чешиново Облешево, К.С.(56) од Битола, К.Р.(52) од с.Велебордо, општина Маврово-Ростуше, Д.Д.(43) од Гевгелија, Р.С.(62) од с.Врапчиште, гостиварско, 16-годишник од Кочани и Б.П.(56) од с.Дулица, Македонска Каменица, кој возел без дозвола и под дејство на алкохол.  Под дејство на алкохол возеле и И.А.(47) од Куманово, како и А.К.(45) од с.Трубарево, скопско, кој имал и активна забрана за управување. Со активна мерка забрана за управување на возило возеле А.Ш.(39) од с.Обедник, демирхисарско и А.А.(32) од с.Поум, струшко. Додека, романскиот државјанин Г.М.(43) на автопатот Гевгелија - Демир Капија управувал возило со брзина од 178 километри на час на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. 


По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.  Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Мени за пристапност