На 07.10.2026 во 18.00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода П.Р.(62) од Австрија. При граничн аконтрола и преглед на возило кампер „фиат“ со приколка со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени еден гасен пиштол, еден револвер, пакување со 90 дијаболи и пакување со 22 иницијативни каписли. За настанот е запознаен јавен обвинител, а лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.