Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без возачка дозвола, а четворица под дејство на алкохол, двајца од нив учествувале во сообраќајни незгоди

Лишени од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без возачка дозвола, а четворица под дејство на алкохол, двајца од нив учествувале во сообраќајни незгоди

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив осум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник, а четири под дејство на алкохол. Три лица во Скопје и по едно лице во тетовско Желино, Тетово, Демир Капија (малолетник), прилепско и Дебар возеле без возачка дозвола.

Возачот во Желино управувал возило без дозвола и превезувал огревно дрво без документација, а возачот во Дебар управувал трактор без дозвола и учествувал во сообраќајна незгода со друго возило Двајца возачи во Штип и по еден возач во општина Старо Нагоричане и Струга управувале возило под дејство на алкохол. Возачот во Струга со возилото предизвикал и сообраќајна незгода. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Мени за пристапност