На 24.03.2026 година полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје по претходно обезбедена судска наредба извршија претрес во дом и други простории кај Г.Ј.(21) од Скопје. При претресот пронајдени и одземени се 19 паковки со кокаин и една дигитална вага.
Г.Ј. е лишен од слобода. По предлог на јавен обвинител, судија на претходна постапка му определи притвор од 30 дена.