Денеска (24.03.2026 година) во периодот од 08:00 до 12:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на град Скопје со цел контрола на возачи и возила со кои се врши јавен превоз на патници.
При контролата изречени се шест мерки за возачи кои вршат јавен превоз на патници без да поседуваат задолжително лекарско уверение, четири мерки за технички неисправни возила со кои се врши јавен превоз на патници, четири мерки за превезување на повеќе патници од пропишаното во сообраќајната дозвола, една мерка за измината важност на возачката дозвола, една мерка за управување со автобус со несоодветна возачка категорија, една мерка за неизвршен вонреден технички преглед на автобус и осум мерки за останати прекршоци. Поднесени се и 14 барања за поведување на прекршочна постапка за правни и одговорни лица.
Едно лице е лишено од слобода и времено одземено е едно возило за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно вршење јавен превоз без поседување возачка дозвола.
Акциските контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел зголемување на безбедноста и заштита на учесниците и патниците во сообраќајот.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.