Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Три лица лишени од слобода и две повикани на службен разговор за семејно насилство, вкупно пет пријави во Тетово, гостиварско, Скопје и Гевгелија во последното деноноќие

Три лица лишени од слобода и две повикани на службен разговор за семејно насилство, вкупно пет пријави во Тетово, гостиварско, Скопје и Гевгелија во последното деноноќие

На 22.03.2026 во 21:15 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.И.(43) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека ја нападнал физички и со остар предмет, а претходниот период секојдневно се однесувал агресивно и упатувал закани кон неа и нивните деца.

На 22.03.2026 во 16:45 часот во СВР Тетово, 43-годишна жена од Тетово пријавила дека во домот, по претходно меѓусебно недоразбирање, била физички нападната од нејзиниот син П.С.(26) и нејзината снаа В.С.(21) од Тетово. Тие се повикани во СВР Тетово и со нив бил извршен службен разговор. 

На 22.03.2026 во 12:45 часот во гостиварско село, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода С.О.(49) од селото, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 60 -годишен брат дека физички го нападнал, при што употребил остар предмет и нанел повреди.

На 22.03.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, 47-годишна жена од скопско пријави дека околу 03:00 часот во семејниот дом, нејзиниот сопруг З.М.(51) упатувал закани кон неа и кон нејзините родители. Според пријавеното, тој подолг временски период и упатувал закани, а воедно оштетувал и дел од покуќнината.

Ноќеска (23.03.2026) во 02:15 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода 31-годишен жител на Гевгелија, постапувајќи по претходна пријава дека на 22.03.2026 околу 23:45 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 29-годишна сопруга, и ѝ нанел повреди на телото. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Мени за пристапност