Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без возачка дозвола (двајца малолетници), четири под дејство на алкохол, а еден во забранета насока.
Двајца возачи во Тетово (еден малолетник) и по еден Неготино, Битола и прилепско (малолетник) управувале возило без возачка дозвола. По еден возач во Скопје, Кавадарци, Охрид и Кичево возеле под дејство на алкохол. Додека, еден возач во Битола управувал возило во забранета насока. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.