Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници, а двајца под дејство на алкохол

Лишени од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници, а двајца под дејство на алкохол

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници, а двајца под дејство на алкохол. 
Две лица во Прилеп возеле без возачка дозвола и по едно лице во Кривогаштани, Скопје (малолетник), Тетово, Гевгелија, Дебар и Ресен (малолетник). Додека, едно лице во Скопје и едно лице во Демир Хисар управувале возила под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Мени за пристапност