Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Осум лица лишени од слобода поради дрога во Скопје, Тетово и Битола

Осум лица лишени од слобода поради дрога во Скопје, Тетово и Битола

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода осум лица кај кои била пронајдена дрога.

Во Скопје, на 5 и 6 јуни 2026 година, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ѓ.Д. (30) од Велес, Ф.П. (28) од Куманово, како и И.М. (23), Б.В. (27), А.Б. (27) и А.Ш. (29), сите од Скопје. При извршените контроли кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста и прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Во Тетово, на 5 јуни околу 23:40 часот, на улицата „Илинденска“, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.Б. (19) од Тетово, откако при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирањето на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во Битола, на 6 јуни во 01:00 часот, на улицата „Партизанска“ во близина на спортската сала, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.Т. од Битола, кај кого при преглед била пронајдена марихуана. По целосно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Мени за пристапност