Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишена од слобода тетовка барана со потерница затоа што избегала од затвор, вратена е во КПД Идризово

Лишена од слобода тетовка барана со потерница затоа што избегала од затвор, вратена е во КПД Идризово

На 26.09.2025 околу 11:40 часот на бул. „Илинден“ во Тетово од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потрага и од СВР Тетово, од слобода е лишена Н.Х. (39) од Тетово, која била барана со потерница поради бегство од КПД Идризово.

Таа е осудена на казна затвор во времетраење од четири години и шест месеци за сторено кривично дело по чл.418 од КЗ, а за доиздржување има уште една година и шест месеци. Н.Х. е предадена на КПД Идризово.

Мени за пристапност