Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишена од слобода 46-годишна скопјанка за издржување затворска казна

Лишена од слобода 46-годишна скопјанка за издржување затворска казна

Денеска (12.09.2025) во 07:30 часот во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Ѓорче Петров ја лишија од слобода Т.П.(46) од Скопје. Таа била барана по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик. 
Таа е задржана во полициска станица и ќе биде спроведена во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.

Мени за пристапност