Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода возач во јавно претпријатие во Чашка, затекнат е при кражба на нафта од камион на претпријатието

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 16.07.2025 во 12.45 часот во атар на село Раковец, општина Чашка, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Д.Ѓ.(57) од општина Чашка. На депонија во атар на село Раковец, тој бил затекнат од полициски службеници како од резервоарот на службено возило на Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка, каде е вработен како возач, претура нафта во пластичен сад. На местото од него се одземени две пластични туби од шест и 10 литри полни со нафта и едно црево. Додека, по наредба на Основен суд Велес извршен е претрес во домот на Д.Ѓ., при што се пронајдени и одземени седум патрони калибар 16, две пакувања со црна прашкаста материја, 15 иницијални каписли за патрони, машинка за затворање на патрони за ловечка пушка, кожен ремен за патрони, празни патрони за ловечка пушка и други предмети.

За настанот е известен јавен обвинител и по целосно негово документирање, против Д.Ѓ. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Мени за пристапност