Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени две лица

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени две лица

На 17.07.2025 во 17.00 часот во Кичево, полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево ги лишиле од слобода Е.П.(30) и А.П.(60) од Кичево. При претрес во нивниот дом, извршен по наредба од Основен суд Кичево, во куќата биле пронајдени и одземени една ќесичка со бела прашкаста материја и вага. Додека, во шахта пред домот биле пронајдени и одземени 51 помали пакувања со прашкаста материја и две поголеми најлонски пакувања со бела грутчеста материја.
Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност