Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода возач од Штип, управувал возило со 143 км на час на место што брзината е ограничена на 50 км на час

Лишен од слобода возач од Штип, управувал возило со 143 км на час на место што брзината е ограничена на 50 км на час

На 16.11.2025 во 11:45 часот на експресниот пат Лозово-Велес, во близина на крстосница за село Мамутчево, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.Ј.(45) од Штип. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „бентли“ со штипски регистарски ознаки со брзина од 143 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е ограничена со сообраќаен знак на 50 километри на час. 

Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност