Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода возач од кумановско, возел со брзина од 103 километри на час на место каде е дозволено 40 километри на час

Лишен од слобода возач од кумановско, возел со брзина од 103 километри на час на место каде е дозволено 40 километри на час
 
На 20.09.2025 во 14:02 часот во с.Љубодраг, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Г.Ц.(52) од с.Умин Дол, кумановско.
При контрола со радар, било констатирано дека тој управувал патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки со брзина од 103 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 40 километри на час.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност