Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Кривична пријава за предизвикување на општа опасност во Битола, извршени претреси, пронајдени дрога, рачна бомба и други предмети 

Кривична пријава за предизвикување на општа опасност во Битола, извршени претреси, пронајдени дрога, рачна бомба и други предмети 

 

На 20.09.2025 СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по чл.288 од КЗ
против Б.А.(33) од Битола, Н.Ц.(25) од с. Ерековци, прилепско, со место на живеење во Битола, И.Ѓ.(40) од Битола и П.Д.(38) од Битола.

Имено, на 12.07.2025 околу 02:05 часот Б.А. и Н.Ц., по насоки од И.Ѓ., дошле со мотоцикл во близина на куќа во Битола, по што Б.А. фрлил експлозивна направа кон куќата. При тоа биле оштетени фасади од куќи, прозорци и врати, а биле опожарени седум возила. Четвртообвинетиот П.Д. пак, му помогнал на Б.А. да сокрие докази во врска со кривичното дело.

На 19.09 и 20.09.2025, по наредба од Основен суд Битола од страна на полициски службеници од СВР Битола извршени се претреси на повеќе локации во сопственост на осомничените, при што пронајдени биле една рачна бомба, марихуана, шише со непозната течност со семки во внатрешноста, солзавец, предмети со траги од прашкаста материја, како и предмети со кои се извршени кривични дела. Б.А., Н.Ц. и П.Д. се лишени од слобода, а се преземаат мерки за пронаоѓање на И.Ѓ..

Мени за пристапност