Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода возач од Битола, управувал возило со двојно поголема брзина од дозволената

Лишен од слобода возач од Битола, управувал возило со двојно поголема брзина од дозволената

На 04.10.2025 на ул. „8 Септември" во Битола, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Битола го лишија од слобода А.Џ.(18) од Битола. При радарска контрола констатирано е дека А.Џ. управувал патничко моторно возило „бмв“, со битолски регистарски ознаки, со брзина од 101 километри на час, на место каде максимално дозволена брзина е 50 километри на час. 

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност