Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода турски државјанин поради криумчарење на околу 177m2 кожен материјал

Лишен од слобода турски државјанин поради криумчарење на околу 177m2 кожен материјал

На 10.06.2026 од страна на Мобилен тим од Мобилна единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција постапено е на подрачје на СВР Куманово, односно движејќи се во правец од Куманово кон Крива Паланка околу 16:15 часот забележано е товарно возило ,,мерцедес бенз’’ со косовски регистарски ознаки и истото е сопрено. Од извршената контрола констатирано е дека товарното возило е управувано од Т.Б.К.(26) од Турција, додека пак од извршениот преглед и контрола во товарниот дел пронајдени се шест вреќи, во кои имало 118 парчиња кожен материјал.

По насоки на дежурен Јавен обвинител од ОЈО Куманово, лицето е лишено од слобода по член 278-б „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ од Кривичниот законик на Република Северна Македонија и спроведено во Полициска станица Куманово за понатамошна постапка.

Мени за пристапност