Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода скопјанец, при претрес во домот пронајдена дрога

Лишен од слобода скопјанец, при претрес во домот пронајдена дрога

На 15.10.2025 во 19:30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Х.В.(18) од Скопје. 
При претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и шприц исполнет со течност.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Мени за пристапност