Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишено од слобода лице, при преглед пронајдени 71 паковка со марихуана

Лишено од слобода лице, при преглед пронајдени 71 паковка со марихуана

На 16.10.2025 година во 20:45 часот на ул.„Индира Ганди“ во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен преглед на Џ.Ш.(43) од Скопје при што биле пронајдени 71 полиетиленска паковка со марихуана. Лицето е лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Мени за пристапност