Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода маж од Скопје поради “силување на дете кое не наполнило 15 години”, поднесена кривична пријава и одреден му е притвор

Лишен од слобода маж од Скопје поради “силување на дете кое не наполнило 15 години”, поднесена кривична пријава и одреден му е притвор

Во текот на вчерашниот ден (27.04.2026) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Ш. (68) од Скопје, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години" по чл. 188 од КЗ, односно затоа што од 2023 година принудувал на сексуални односи малолетник од Скопје, а го злоупотребувал и за снимање видео материјал со порнографска содржина.

По обезбедување на целокупниот доказен материјал, од страна на Единицата за насилен криминал- Одделение за крвни и сексуални деликти против С.Ш. поднесена е кривична пријава по итна постапка, а од страна на судија на претходна постапка на осомничениот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Мени за пристапност