На 28.04.2026 во 20:10 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.С.(26) од с.Мала Речица, тетовско. При претрес во куќата во Тетово, во која престојувал, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.