Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода малолетник во Скопје, кај него пронајдени пиштол и куршуми, се обидел да бега од полициските службеници но бил фатен

Лишен од слобода малолетник во Скопје, кај него пронајдени пиштол и куршуми, се обидел да бега од полициските службеници но бил фатен

На 06.09.2025 во 18:10 часот во Скопје, во близина на гробиштата Бутел, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Скопје. При сообраќајна контрола во Скопје, полициските служебници дале знак за запирање на мотоцикл, кој го управувал малолетникот, но тој не застанал и се дал во бегство.

По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, малолетникот е запрен и лишен од слобода, а при извршен преглед, кај него бил пронајден и одземен пиштол „Ц3“ и куршуми. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Мени за пристапност