На 10.10.2025 во 12:40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Л.С.(44) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на 08.10.2025 во 14:30 часот извршил „разбојничка кражба“. Имено, тој се сомничи дека одзел производи кои биле поставени пред продажен објект во Кавадарци, по што бил забележан од вработена во маркетот.
Таа се упатила кон него да ги земе производите, но тој ја нападнал со остар предмет, кој му го одзела, по што физички ја нападнал и побегнал. Л.С. е задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.