На 21.09.2025 во 05:00 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, во присуство на неговата мајка Џ.Х., лишиле од слобода 15- годишен малолетник од Гостивар, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „одземање на моторно возило", казниво по член 242 од КЗ, а пријавено истиот ден во 04:10 часот во ОВР Гостивар од Б.Ѓ.(43) од Гостивар.
Според пријавеното, малолетникот го украл возилото „мерцедес“, кое било паркирано и оставено со отклучени врати и клучеви во возилото, по што управувајќи го, предизвикал сообраќајна несреќа кај мостот во населбата „Циглана“ во Гостивар.
По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.