Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода крадец во Гостивар, украденото вратено на сопственичката

Лишен од слобода крадец во Гостивар, украденото вратено на сопственичката

На 16.07.2025 во 20.30 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.М.(27) од Гостивар. Тој се сомничи дека на 07.07.2025 сторил кривично дело „кражба“ на електричен тротинет, сопственост на 31-годишна жена од Гостивар. Украдениот тротинет бил пронајден и вратен на сопственичката, а А.М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Мени за пристапност