Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода крадец од Радовиш баран поради бегство од затвор, спроведен е во Затвор Струмица за доиздржување на казната

Лишен од слобода крадец од Радовиш баран поради бегство од затвор, спроведен е во Затвор Струмица за доиздржување на казната

На 05.02.2026 во 15:25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Е.Б.(23) од Радовиш. Тој бил осуден на затворска казна од пет години и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“, а бил баран по распишана потерница поради бегство од Затвор Струмица, каде имал за доиздржување три години и осум месеци од казната. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.

Мени за пристапност